Дома Останати Кошарка Видео: Дебакл на Сан Антонио, Кливленд сигурен!

Видео: Дебакл на Сан Антонио, Кливленд сигурен!

Кливленд и Хјустон водат со 1-0 во конференциските полуфинални серии против Торонто, односно Сан Антонио. Кливленд на домашен терен го победи Торонто 116:105, додека Хјустон направи брејк во Сан Антонио и славеше над Спарси со 126:99.

Леброн Џејмс уште еднаш го предводеше Кливленд до победата во годинешното издание на плејофот во НБА лигата. Џејмс на теренот против Торонто мина 41 минута и имаше учинок од 35 поени, 10 скокови и четири асистенции.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Двоен ефект имаа Кајри Ирвинг (24 поени, 10 асистенции) и Тристан Томпсон (11 поени, 14 скокови), а Кевин Лав постигна 18 кошеви. Торонто го предводеа Кајл Лаури со 20 и Демар дерозан со 19 поени.

Сан Антонио доживеа вистинска катастрофа против ривалот од Тексас, Хјустон. Гостите одиграа совршено првото полувреме, во кое постигнаа 69 поени и направија предност од 30 поени.

Тимската игра и на овој меч беше заштитен знак на Хјустон. Шестмина играчи постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасни беа Тревор Ариза со 23 и Џејмс Харден со 20 поени, 14 асистенции и четири скока.

Кај Сан Антонио потфрлија Ламаркус Олдриџ (4 поени), Пау Гасол (6 поени), Ману Џинобили (8 поени) и Тони Паркер (11 поени). Единствен кој одигра на потребното ниво беше Каваи Ленард (21 поен, 11 скокови, шест асистенции).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ВАДА бара за Синер суспензија од две години

Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозан…