Дома Фудбал Италија (Видео) „Бјанконерите“ сигурни – Хетемај отвори со автогол, погодуваа Игуаин и Дибала

(Видео) „Бјанконерите“ сигурни – Хетемај отвори со автогол, погодуваа Игуаин и Дибала

Единствениот натпревар од третото коло во Серија А денес го одиграа екипите на Јувентус и Киево, а победа запишаа домаќините со резултат 3:0.

Популарните „летечки магариња“, се прикажаа сосема во добро светло против актуелниот шампион, сепак не успеаа да направат нешто повеќе. „Бјаконерите“ рано во 17 минута од средбата стигнаа до водство и тоа преку автоголот на Хетемај. Во продолжение видовме по некоја шанса и на двете страни, но резултатот во првиот дел не се менуваше.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во вториот дел работите не се променија Јувентус напаѓаше, но и Киево знаеше да се закани кон голот на Војчех Шчесни кој во овој натпревар доби шанса пред Џанлуиџи Буфон. До зголемување на предноста Јувентус стигна во 59 минута кога, Миралем Пјаниќ одлично го проигра Гонзало Игуаин кој реализираше за 2:0

Неколку минути пред голот на Игуаин во игра влезе Паоло Дибала кого, Алегри го одмараше за натпреварот од Лигата на шампионите против Барселона во вторник. Аргентинецот иако беше нешто повеќе од половина час на теренот успеа да се запише во листата стрелци, Дибала конечните 3:0 ги постави во 83 минута од средбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Претседател на турски клуб осомничен за местење натпревари – ќе бидат приведени 17 судии

По откритието минатата недела дека голем број турски фудбалски судии биле вмешани во облож…