Дома Фудбал Германија Видео: Баерн од „кец во два“ во судиското продолжение – стрелаше Левандовски од пенал

Видео: Баерн од „кец во два“ во судиското продолжение – стрелаше Левандовски од пенал

Денес во германската Бундес лига во стандардниот термин од 15:30 часот се одиграа четири натпревари.

Волфсбург на домашен терен не успеа да извлече бод против фаворизираниот Баерн и загуби со гол од пенал во финишот од средбата

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Домаќинот рано уште во осмата минута успеа да стигне до водство. По едно кратко проигрување од корнер следуваше центар шут кој во гол го претвори Дидави. Баерн имаше игра, во првиот дел дури 77% поседот на топката беше нивна корист, но не успеаа да упатат ниту еден удар во рамките од голот.

Од друга страна погодокот на Дидави беше единствениот удар на Волфсбург кон гостите од Минхен. Сепак и покрај тоа на полувреме заминаа со предност.

Во вториот дел Баерн започна повеќе агресивно, а после 10 минути веќе имаа одлична прилика за изедначување, но Арјен Робен не реалираше удар од белата точка. Голот за баврците стигна во 64 минута и беше дело на Сандро Вагнер.

До крајот иако Баерн имаше иницијатива резултатот не се менуваше се до финишот од средбата. Гостите добија нов пенал, а овој пат сигурен реализатор беше Роберт Левандовски.

Во останатите натпревари Леверкузен запиша победа од 1:2 на гостувањето против Хамбургер, Фрајбург минимално го совлада Вердер со 1:0, додека Келн го совлада Хановер со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Салах го „пецна“ Јунајтед и на интересен начин му честиташе на Тотенхем за трофејот во Лигата на Европа (Фото)

Фудбалерите на Тотенхем ја освоија Лигата на Европа, откако во големото финале во Билбао ј…