Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали на лето ќе се пресели во Пари Сент Жермен, тврди еминентниот „Паризиен“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
ПСЖ на лето ќе остане без капитенот Тиаго Силва и веќе бара замена, па спортскиот директор Леонардно нема да жали пари за да го донесе Кулибали во Париз.
Сенегалецот е мета на многу европски гиганти, но Наполи во летниот преоден рок за неговиот потпис бараше 100 милиони евра.
Сега работите се променија бидејќи Кулибали не е задоволен во Наполи, а тоа се одрази и на неговите настапи, па ПСЖ сака да ја искористи таа ситуација.
За Кулибали интерес покажуваат многу европски гиганти, но ПСЖ е спремен да ја победи конкуренцијата така што му нуди годишна плата од 12 милиони евра на дефанзивецот.