Незаборавните сцени од „Олимпико“ од пред точно една година ипол, вечерва би можеле да се повторат.
Ќе потсетиме, на 28 мај 2017 година после натпреварот Рома – Џенова во последното коло од Серија А, плачеше целиот римски стадион, но и целиот фудбалски свет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На тој ден крај на големата кариера долга 28 години стави легендарниот Франческо Тоти.
Тоти одигра 570 натпревари и постигна 307 погодоци за единствениот клуб за кој настапуваше, во солзи се прости од теренот и официјално замина таму каде што беше од поодамна, во легендите.
Уште е една потврда за големината на Тоти ни пристигнува во 21:00 часот кога во рамките од Лигата на шампионите Рома ќе го пречека Реал Мадрид. Меѓутоа дербито е во „втор план“, а во центарот на вниманието ќе биде Тоти.
Имено, пред натпреварот ќе се одржи церемонија на која Тоти ќе стане нов член во Куќата на славните Рома.