Дома Фудбал Англија Веста на денот на Островот: Хари Кејн потпишува нов договор – познати деталите!

Веста на денот на Островот: Хари Кејн потпишува нов договор – познати деталите!

Хари Кејн ова лето се поврзуваше со најголемите европски клубови, најмногу со Реал Мадрид, но сепак како што гласат последните информации на Островот тој ќе потпише нов договор со Тотенхем!

Имено, реномираниот „Дејли Мејл“ попладнево излезе со информација дека се согласил да потпише нов договор со „петлите“, што секако е одлична вест за фановите на овој клуб.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Како што се наведув Кејн се согласил на нов договор според кој би се обврзал на верност од шест години, но би добил и двојно поголема плата, односно 100.000 фунти неделно.

За целиот договор Тотехем би требало да издвои околу 90 милиони фунти.

Тотенхем, Кејн го доведе во своите младински категории уште во 2004 година, а пет години подоцна беше прекомандуван во првиот тим. Потоа следуваа позајмици во Лејтон Ориент. Милвол, Норвич и Лестер, за денес да биде прва ѕвезда на овој клуб.

Кејн во сезоната која е зад нас постигна 30 погодоци и запиша три асистенции, одигра вкупно 3083 минути и постигнуваше гол на секои 103 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јуве прави реорганизација во средниот ред и го повикува поранешниот ас на Милан

Јувентус оваа сезона жестоко се бори за место кое води во Лигата на шампионите, а планот б…