Дома Топ вести Вест Хем со Лопетеги има големи амбиции: Веќе потроши 110 милиони евра и завршува уште еден трансфер!

Вест Хем со Лопетеги има големи амбиции: Веќе потроши 110 милиони евра и завршува уште еден трансфер!

Екипата на Вест Хем е еден од најактивните англиски клубови во овој преоден рок.

Последен во низата засилувања треба да биде Жан Клер Тодибо кој најверојатно се сели на Островот, а Ница ќе добие 40 милиони евра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Вест Хем изгледа сериозно инвестира во одбраната, го сака и Ван Бисака, а алтернатива е англискиот репрезентативец Трипие од Њукасл. Клубот од источен Лондон има и нов тренер, Хулиен Лопетеги, па така со големи амбиции ќе влезе во сезоната.

Претходно Вест Хем го доведе Германецот Фулкруг, јужноамериканците Гиљермо и Гвидо Родригез, голманот Фодерингам од Шефилд Јунајтед, одличниот Килман од Волвс и Холанѓанецот Самервил од Лидс.

До овој момент тие потрошија 110 милиони евра, а со најавениот трансфер на Тодибо таа бројка ќе дојде и до 150 милиони евра. Од друга страна клубот го напуштија само Тило Керер во Монако и Бенрама кој се пресели во Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…