Учеството на Шпанија на претстојното Светско првенство наредното лето е доведено во опасност.
„Ел Паис“ тврди дека ФИФА испратила официјално писмо до Шпанската фудбалска федерација во која се наведува дека поради мешањето на владата во изборниот процес за нареден претседател ќе бидат суспендирани дел од членовите што значи дека нема да бидат добродојдени на СП.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според ФИФА фудбалската федерација на секоја земја мора да се води независно, а иако овој предлог не е ниту одговор ниту одука, ФИФА реагираше.
ФИФА веќе во 2008 им се закани на Шпанците дека може да им забрани учество на Европското првенство кое на крајот го освоија, поради конфротација помеѓу Жами Лисаветски и Анхел Марија Вила, посрамотениот поранешен сопственик на сојузот.