Познатиот ракометен тренер, Веселин Вујовиќ по 20 месеци си замина од селекторската функција на иранската репрезентација.
Екс-тренерот на Вардар, легендарниот Вујо по азиските квалификации за Олимписките игри во Париз кои се играа во Доха одлучи да поднесе оставка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од иранската федерација не сакале да ја прекинат соработката, меѓутоа Вујовиќ бил цврсто решен и не сакал да работи во услови на вонредна состојба поради политичките тензии на Блискиот Исток.
Вујовиќ зад себе имаше добро Светско првенство во 2023 година со Иран каде што оваа земја за првпат стигна до второто место завршувајќи на 24-тата позиција од 32 најдобри селекции на планетата.