Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ во хрватскиот клуб Нексе.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вујовиќ на клупата на Нексе седеше само два месеци и откако не успеа да ги донесе очекуваните резултати клубот одлучи да му врачи отказ.
„Раководството на Нексе и тренерот Веселин Вујовиќ одлучија да ја прекинат соработката“, објави Нексе.
На табелата Нексе ризикува да го изгуби и второто место бидејќи по осум одиграни кола има ист број на бодови со Сесвете. Во последниот натпревар на кој Вујовиќ седеше на клупата Нексе ремизираше 28:28.
Исто така Вујовиќ доби забрана за извршување на тренерската функција од три месеци поради големиот инцидент кој се случи на мечот меѓу Нексе и Загреб одигран на почетокот од април.