Килијан Мбапе секако е желба на повеќе европски клубови, а како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид, без оглед на тоа што и ПСЖ прави се за да го задржи.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Соиграчот на Мбапе, Италијанецот Марко Верати призна дека сака Французинот да остане во Париз, но разбира зошто Мбапе до сега не открива која е неговата одлука.




„Каква и да биде неговата одлука, тоа ќе влијае на тимот. Мбапе во овој момент е еден од најдобрите играчи на планетата. Сите сакаме да остане тука. Во фудбалот кога размислуваш за нешто мораш да донесеш одлука“, изјави Верати за „Ле Паризиен“.




Призна Верати дека е емотивен секогаш кога во медиумите ќе види вест дека Мбапе отпатувал во Мадрид.




„Тоа се случува. Чекам и јас како сите останати. Кога се одмарам и ќе видам вест дека Мбапе отпатувал во Мадрид ме боли стомакот…“, додаде Верати.




Верати сепак истакна дека не го советувал Мбапе во донесувањето на одлуката.