Велосипедската тура низ 6 држави, која на 21-ви март стартуваше од Свети Николе во Македонија каде ќе биде и финишот на 5-ти април, ја заврши четвртата етапа во Осијек и денеска тргнува кон Нова Градишка.
На патот од почетокот до крајот на турата посветена на жртвите од Ковид-19, ќе бидат посетени повеќе места кои се значајни за нашата земја, а едно од нив е местото каде во 2007-та во сообраќајна несреќа животот го загуби непрежалениот македонски бисер, Тоше Проески.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Се се движи според планот, малку сме и пред очекувањата, со оглед на тоа дека наместо да се празниме, ние се полниме со енегрија со секоја нова станица. Времето на поминување на секоја рута е во доменот на предвиденото. Бевме во Лесковац, потоа во Велика Плана, поминавме низ Белград на патот до Рума, потоа низ Нови Сад на патот до Осијек.
Во секое место бевме пречекани со аплаузи и со насмевки на лицата, тоа е она што сакавме да го доловиме и доживееме. Живееме во турбулентно време, кое ни ги идзеде човечките вредносто, а ова несекојдневно велосипедско патување треба да ја разбуди хуманоста во сите нас.” – изјави Александар Стојков, организаторот на Вера Тур и единствениот кој ќе ги помине сите 15 етапи, заедно со неговиот „ментор” на ова патешествие, македонскиот велосипедист Кирил Марковски.