Францускиот стратег Арсен Венгер се наоѓа под голем притисок бидејќи навивачите на Арсенал бараат негово заминување од клубот на крајот на сезоната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На Венгер му истекува договорот со лондонскиот клуб на крајот на сезоната, но тој сеуште нема намера да го напушти „Емирати“. Искусниот стратег е под се поголем притисок, но јасно им порача на фановите дека нема така лесно да го напушти овој клуб.
Венгер пред медиумите ги коментираше случувањата во клубот во последно време и им испрати јасна порака на играчите и навивачите дека не можат тие да бираат кој ќе биде тренер на Арсенал.
„На играчите и навивачите не им е работа да бираат тренер кога ќе посакаат. Фудбалерите мораат да играат што подобро, а раководството на клубот треба на крајот да одлучи кој ќе биде тренер. Јас верувам дека ние сме најдобриот клуб на светот и мораме да покажеме дека го браниме сето тоа што овој клуб го претставува. Играчите се спемни да се борат и се надевам дека наредната сезона ќе покажат уште поголема сила“, истакна Венгер.