Репрезентативецот на Холандија Џорџино Вајналдум ова лето го напушти Ливерпул и премина во ПСЖ.
Вајналдум како слободен играч се пресели во ПСЖ и потпиша до 2024 година. Сега го објасни својот потег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Морам да признаам дека ова беше тешка одлука. Од мали нозе навивам за Барселона и се уште ја сметам за најголем клуб. Преговаравме и имав добро чувство, но разговарав и со друго клубови. Со ПСЖ разговарав пред Барселона. Покетино го знам од претходно и тој ме сакаше во клубот, детално ме запозна со проектот и ми објасни како ќе се развива клубот. Проектот веднаш ми се допадна и му кажав дека сум заинтересиран“.
„Од тој момент преговорите беа едноставно. Направија навистина се. Не се работеше за пари затоа што и онака разликата во понудите беше мала. Не дојдов тука поради пари“, изјави Вајналдум.
Покрај Вајналдум ПСЖ ова лето ги доведе Донарума, Рамос, Хакими, а сега се пишува дека следна мета е Пол Побга.