Дома Останати Кошарка Вашингтон ја намали предноста на Бостон, Голден Стејт поведе со 2:0 против Јута

Вашингтон ја намали предноста на Бостон, Голден Стејт поведе со 2:0 против Јута

Во третиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција на НБА лигата, Вашингтон Визардс ги победија Бостон Селтикс и го намалија негативниот резултат на 2:1, додека во вториот натпревар од полуфиналниот дуел на Западот, Голден Стејт Вориорс ја зголемија предноста над Јута Џез со 2:0.

Визардс убедливо ги совладаа Селтикс со 116:89, а најефикасен играч на натпреварот беше Џон Вол со 24 поени. За Селтикс најмногу погодоци постигна Ал Хорфорд, вкупно 16.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Својата втора победа во серија остварија и Вориорс над Џезерите од Јута со резултат 115:104, со што Голден Стејт го зголеми водството на 2:0 во полуфиналната серија од Западната конференција. До победата Воините ги водеше Кевин Дурант со 25 поени, додека 23 поени на своето конто запиша Стивен Кари. Расположениот Гордон Хејворд не беше доволен за Јута да избегне пораз, но одигра одличен натпревар во кој постигна 33 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ВАДА бара за Синер суспензија од две години

Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозан…