Избраниците на Раул Гонзалез уште еднаш покажаа зошто се европски шампиони и ја запишаа втората победа во ЛШ, откако во Скопје го победија Нант со 27:23.
Натпреварот меѓу Вардар и Нант започна со доста грешки, а гол не падна дури четири минути. Први резултатот го отворија гостите со гол на Ниокас, а тоа беше единствено водство на Французите во првиот дел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гонзалес го најде вистинското решение и Вардар со фантастичен финиш во последните десетина минути се одлепи и одлично ја контролираше играта, па на полувреме „црвено црните“ имаа + 4.
Во второто полувреме Вардар рутински ја чуваше предноста, а голем удел во победата има Арпад Штербик, кој имаше неколку извонредни одбрани.
На крајот, најефикасен кај Вардар беше Ферира со 6 погодоци, додека кај гостите Кристопанс постигна 5. Нaшиот интернационалец Кире Лазаров не успеа да постигне гол.