Македонскиот ракомет е суспендиран поради големиот број заразени со Ковид-19 во тимот, па кубовите кои се „чисти“ играат пријателски натпревари.
Вардар се спрема за Фленсбург, меч од Лигата на шампионите кој треба да го игра дома. Денес црвено-црните одиграа пријателски дуел со ривалот од Автокоманда, Металург. Тимот на Алушовски беше подобар и славеше со девет гола разлика, 37:28.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој дуел за Вардар беше последна проверка пред пресметката со Фленсбург, пред два дена го победија Бутел со 29:22.
Еурфарм Пелистер го победи својот помал „брат“ Еурофарм Пелистер 2 со 26:25.
Фото: РК Вардар (ФБ)