Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар се предмисли, го пушта Чувара да си оди

Вардар се предмисли, го пушта Чувара да си оди

Полскиот репрезентативец Јан Чувара го напушта Вардар, откако неговиот договор истече со крајот на сезоната.

Пред крајот на сезоната 27-годишниот ракометар заработи тешка повреда на коленото и се очекува да паузира до крајот на годината.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Поради тоа Вардар ја повлекол својата понуда за продолжување на договорот и Полјакот сега е слободен агент.

„Мојот договор со Вардар заврши во јуни, но клубот претходно ми понуди нов договор за новата сезона. Усно се договоривме, остана само да ги потпишеме документите, но потоа се случи несреќната повреда. Во моментов барам нов клуб, знам дека нема да ми биде лесно“, изјави Чувара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Претседателот на ФФМ нападнат од маскирани лица: Поминав со лесно

Максирани лица синоќа го нападнале претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (…