Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар победи, но каде ќе игра – Струмица не е опција!

Вардар победи, но каде ќе игра – Струмица не е опција!

Македонскиот претставник во квалификациите за Лигата на шампионите, екипата на Вардар во текот на вчерашниот ден запиша голема победа против шведски Малме која донесе и проблеми.

Имено, Вардар натпреварот како домаќин против клубот од Шведска го одигра на стадионот во Струмица. Но, стадионот на кој настапувал тимот на Беласица, не ги исполнува условите за на него да може да се игра натпревар од третото квалфикациско коло во Лигата на шампионите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што е познато единствен македонски стадион на кој може да се игра е Арената „Филип втори“, на кој не смее да се играат натпревари пред одигрувањето на Суперкупот на Европа.

Проблем е и што веќе претходно беше одбиено барањето македонскиот шампион натпреварот како домаќин против Малме да го одигра во соседна Србија, на стадионот на Јагодина.

Според оваа ситуација, се поставува прашањето дали УЕФА ќе дозволи да се одигра натпревар на нашиот најголем стадион на една недела пред Суперкупот или пак овој пат барањето на Вардар да игра надвор од нашата држава ќе биде прифатено.

Вардар натпреварот од третото коло ќе го одигра на 25 или 26 јули, додека реваншот е предвиден за 1 или 2 август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…