Вардар славеше победа против Еурофарм Пелистер од 23:26 со која стигна на чекор до нова титула.
До крајот на сезоната има уште три кола и ако Вардар победи на овие три средби ќе биде нов-стар шампион на Македонија. Денес во Битола натпреварот се решаваше во завршницата, претходно констатно беше неизвесно и ниту една од екипите не успеваше да направи посериозна разлика.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Проблем за пелистерци денес беше нападот, недостасуваше капитенот Јосип Периќ, а Јосип Табоада кој собра сили да истрча и покрај повредата немаше полна минутажа. Натпреварот беше решен во последните десетина минути кога беше важен секој напад. Тогаш се покажа и искуството на Борко Ристовски, кој фати три важни топки и Вардар направи клучна серија.
Во 57. минута, црвено-црните ја завршија серијата од четири невозвратени гола и поведоа со 25-22. Оттука веќе немаше враќање за дефокусираниот домаќин.