Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар минимално поразен од Нексе на дебито на Дејвис

Вардар минимално поразен од Нексе на дебито на Дејвис

Вардар со пораз ја отвори новата сезона во СЕХА лигата откако на домашен терен беше совладан Нексе со 24:25.

Имаше шанси Вардар за реми, Моралес во последниот напад промаши за изедначување. Мартин Томовски запиша шест одбрани, а Дибиров и Моралес со по пет гола беа најфикасни кај Вардар. Мелиќ постигна шест гола кај гостите.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Нексе доминираше на почетокот на првото полувреме и без проблеми ја одржуваше предноста од три гола, а во еден момент стигна и до плус четири (7:11). До крајот на првиот дел Вардар почна да игра нешто подобро и на полувреме замина со два гола негатива 11:13.

Влезе Вардар во серија со почетокот на второто полувреме, па во 37. минута вардарци водеа со 16:14, за потоа Нексе да изедначи на 16:16. Се влезе во неизвесна завршница во која се играше гол за гол.

На крајот гостите беа повеќе присебни во завршницата и си заминаа со победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Усаин Болт измамен, останал без 12 милиони долари

Светскиот рекордед на 100 метри Усаин Болт тврди дека е измамен и дека изгубил 12 милиони …