Денес на прес-конференција сопственикот на Вардар Михајло Михајловски ќе ги „отвори картите“ и ќе зборува за исклучувањето на Вардар од Лигата на шампионите.
Во Вардар сметаат дека неправедно се исклучени од страна на ЕХФ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“По добивањето на овој услов Г-дин Михајло Михајловски се обрати до управата на поранешниот Вардар која вложи максимални напори и депозитот кој беше побаран од 1 милион евра се реализираше лично од сопственикот на РК Вардар Сергеј Самсоненко, односно во рок од 30 дена од добивањето на условот на ЕХФ г-дин Сергеј Самсоненко исплати 700.000 евра кон играчите и даде 300.000 евра позајмица на АД РК Вардар 1961 кои беа депонирани кон ЕХФ.
Во целиот овој период на исплата од страна на Г-дин Сергеј Самсоненко, гдин Михајло Михајловски и управата на поранешниот Вардар беа во постојана комуникација со играчите и преговорите со нив, каде секогаш добивавме подршка од нив и никогаш не наидовме на незадоволство за
временските рокови кои беа заеднички усогласувани. За останатиот долг кој требаше да се реализира до 15.05.2022 година г-дин Сергеј Самсоненко повлече кредит од банка во висина од 500.000,00 евра предвидени за подмирување на обврските кон играчите.
Причината за нивното задоцнување до 27.05.2022 беа дополнителните административни процедури со банката. По извршената уплата од 500.000,00 евра согласно условот од минатата година депозитот од 300.000,00 евра требаше веднаш да биде ослободен за комплетна исплата кон играчите за кои ЕХФ доби прецизен список со имиња, но за жал тоа до денес се нема случено и сеуште овој износ е на сметката на ЕХФ, како и одреден износ кој сеуште не е исплатен за минатите сезони“, стои во соопштението испратено до медиумите од поранешниот директор во Вардар, Давор Стојаноски.
Се смета и дека исклучувањето на АД РК Вардар 1961 е тендециозно направено за да може екипи како Алборг кои не го освоија домашното првенство а ги добија во состав играчите како Микел Хансен и други за следната сезона да можат да бидат дел од Лигата на
шампионите.
Како и да е после денешната прес-конференција се очекува многу работи да бидат појасни.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961