Вардар1961 како домаќин на четвртфиналната група од Купот на Македонија без проблеми се пласираше во финалето од групата откако со 42-24(21-12) го победија Тиквеш од Кавадарци.
Иако настапивме без шестмина играчи за тренерот Стевче Алушовски тоа беше можност да им даде шанса на оние што помалку играат во мечевите од ЛШ и од СЕХА лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во финалето од групата сега Вардар ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Радовиш и Астраион. Најдобриот од групата ќе игра на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
Фото: РК Вардар