Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар без фудбалерот кој ветуваше отпатува за Анталија!

Вардар без фудбалерот кој ветуваше отпатува за Анталија!

Утрово тимот на Вардар отпатува за Анталија каде што ќе одигра неколку подготвителни натпревари.

Играчите на Вардар ќе бидат сместени во „Miracle Hotel“ од денес до 25.01. Потоа фудбалерите ќе бидат преместени во „Titanic beach hotel“.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Она што може да се забележи е дека на подготовките на Вардар не отпатува младиот талент Никола Серафимов кој ќе ги напушти црвено-црните поради несогласување со управата.

Пријателските натпревари кои Вардар ќе ги игра во Анталија:

20.01. – Вардар – Хајдук (Хрватска)

23.01. – Вардар – Динамо Киев (Украина)

26.01. – Вардар – Бачка Топола (Србија)

29.01. – Вардар – Црвена Звезда (Србија)

02.02. – Вардар – Борац Бања Лука (БИХ)

03.02. – Вардар – Мура (Словенија)

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија напредуваше на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација го подобри својот пласман на ранкингот на Светската …