Грегори Ван Дер Вил откри дека имал прилика да го облече дресот на Баерн Минхен, меѓутоа се решил да не ја прифати понудата од германскиот гигант.
Во 2010 година холандскиот бек добил одлична понуда од Баерн каде што бил неговиот сонародник Луис Ван Гал. Денес тој се кае што тогаш направил таков избор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Добив понуда од Баерн кога таму беше Ван Гал, но решив да останам во Ајакс. Во тоа време бев едно тврдоглаво момче и решив да не одам во Минхен. Денес си размислувам и се прашувам како сум можел да бидам толку глупав?“, призна Ван Дер Вил.
Меѓутоа далеку од тоа дека Ван Дер Вил немаше добра кариера. Тој освои две титули со Ајакс и четири со ПСЖ во Франција, а во овој момент е слободен агент. Последниот клуб за кој играше беше Торонто од Канада.