Легендарниот холандски тренер, Луис ван Гал и официјалано го објави пензионирањето од фудбалот.
67-годишниот стратег ја објави оваа вест при гостувањето во една холандска телевизија. Ван Гал истакна дека дошло време да стави крај на тренерската кариерата за да биде блиску до својата сопруга.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ван Гал се етаблираше во светскиот тренерски врв далечната 1992 година кога под негово водство Ајакс го освои Купот на УЕФА. Три години подоцна холандскиот гигат ја крена најпрестижната титула и ја освои Лигата на шампиони под водство на Ван Гал.
Потоа следуваше период во Барселона, каде Ван Гал освои две титули во Шпанија, Купот на кралот и Суперкупот на Европа.
Во периодот од 2000 до 2002 година беше на челот на Холандија, но не успеа де квалификува на Светското првенство. Во 2009 година повторно се врати на голема врата со освоената титула во Холандија со АЗ, што му беше билет за Минхен. Како тренер на Баерн стигна до финалето во Лигата на шампиони кое го загуби од Интер.
Во 2012 година повторно беше назначен за селектор на Холандија и стигна до финалето на Мундијалот во 2014 година, а помеѓу 2014 и 2016 седеше на клупата на Манчестер Јунајтед и го совои ФА Купот со „црвените ѓаволи“.
Ова е крај на една фантастична тренерска кариера!