Дома Фудбал Англија Мојс, Ван Гал, Солскјер…никој не бил лош како Тен Хаг: Јунајтед го има најлошиот старт во последните 92 години!

Мојс, Ван Гал, Солскјер…никој не бил лош како Тен Хаг: Јунајтед го има најлошиот старт во последните 92 години!

На Манчестер Јунајтед не му оди, а Тен Хаг е се поблиску до отказ, бројките воопшто не се на негова страна.

Во ерата по Сер Алекс Фергусон, продефилираа тренерски неуспеси како Дејвид Мојс, Луис ван Гал и Оле Гунар Солскјер. Но, никој не беше толку лош како Тен Хаг. Барем по еден параметар. Имено, поразот на Јунајтед синоќа од Њукасл во Лига купот беше петти пораз во првите 10 натпревари на Олд Трафорд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа не му се случило на англискиот гигант од сезоната 1930/1931?! Понатаму, за првпат од сезоната 1962/63, Јунајтед загуби осум или повеќе од првите 15 натпревари во сезоната. Беа вложени 204.400.000 евра само ова лето на нови играчи, вкупно 75.000.000 за услугите на Расмус Хојлунд, а Данецот досега на 12 натпревари постигна само три гола, без ниту еден погодок во Премиер лигата.

Тимот моментално е осми на табелата во Премиер лигата со пет порази и пет победи од 10 натпревари. На Тен Хаг останува да најде победнички рецепт веќе против Фулам викендов. Потоа следуваат натпреварите со Копенхаген, Лутон, Евертон и Галатасарај.

На сето тоа се додава дека од доаѓањето на Тен Хаг се потрошени скоро пола милијарда евра, односно поточно 460 милиони евра:

97,5 Ентони
82.3 Расмус Хојлунд
80,1 Касемиро
68,6 Мејсон Маунт
64,8 Лисандро Мартинез
53,7 Андре Онана
16,8 Тирел Маласија
04.9 Алтај Бајиндир
00.0 Кристијан Ериксен
00.0 Џони Еванс
Позајмица Серхио Регилон
Позајмица Софијан Амбрабат
Позајмица Воут Вегхорст
Позајмица Марсел Сабицер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Босански голман го збесна Роналдо: Португалецот не постигна гол од седум зицери

Фудбалерите на Ал-Насра го победија Ла-Калееј на гости во 29. коло од Саудиската Про лига …