Поранешниот тренер на Ајакс и Барселона, Луис Ван Гал, изјави дека уживаа оваа сезона во ЛШ, а посебно во резултатите на својот поранешен клуб.
Ван Гал токму во Ајакс ја започна својата тренерска кариера, а после тоа замина во Барселона. Холандскиот стручњак призна дека е изненаден од резултатите на Ајакс оваа сезона и порача дека верува дека можат да играат финале.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ајакс синоќа во првиот натпревар како гостин го победи Тотенхем со 1:0, додека неговиот втор поранешен клуб вечерва пред своите навивачи игра против Ливерпул.
Ван Гал е сигурен дека Ајакс ќе успее да дојде до финалето и призна дека за овој клуб ќе биде подобро во финалето да игра против Барселона отколку против Ливерпул.
„Ништо не е готово, но се надевам дека Ајакс ќе дојде до финалето. Играат одличен фудбал и се еден од клубовите со кои уживате да ги гледате оваа сезона. Во финалето за нив ќе биде подобро да играат против Барслона отколку против Ливерпул. Тоа се исти филозофии и се ќе биде отворено, додека Ливерпул малку повеќе обрнува внимание на дефанзивната игра.“ – изјави Ван Гал.
Овој 67. годишен стручњак веќе три години е без работа откако во летото 2016. година доби отказ на клупата на Манчестер Јунајтед.