Шпанска Валенсија е спремна да вложи голема сума пред новата сезона во која ќе играат во Лигата на шампионите.
Според информациите кои доаѓаат од Шпанија, поточно од „RadioEsport“, Валенсија ќе се обиде со понуда од 50 милиони евра да ги откупи правата на младиот Португалец, Гонзало Гуедеш.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гудеш кој претходната сезона ја помина во Валенсија како позајмен играч остави добар впечаток и покрај не така добрите настапи за Португалија на Светското првенство во Русија.
Гуедеш претходно се поврзуваше со Арсенал и Манчестер Јунајтед, но изгледа дека и самиот фудбалер сака да го продолжи својот престој во Валенсија.
Останува да се види одговорот од ПСЖ на ваквата понуда, но очекувањата се шпанскиот клуб од Париз да добие позитивен одговор.