Денес започна судењето за уценување на Карим Бензема кон Матијас Валбуена, во процесот се обвинети и уште четири лица.
Судењето започна без Бензема кој не се појави поради обврските кон Реал Мадрид. На судењето Бензема откри некои детали од тоа што се случувало. Валбуена сведочеше дека цело време Бензема го убедувал да им плати на уценувачите за снимките да не се појават во Јавност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На почетокот не можев да верувам, мислев дека тоа е блеф. Не се зборуваше за износ, но постоеа закани од луѓе кои ми зборуваа дека имаат нешто за мене што не сакам да биде објавено“, зборуваше Валбуена.
Уценувачите прво му се обратиле на Џибрил Сисе за да го убеди Валбуена. Место тоа, Сисе го предупредил за изнуда, па наводно потоа бил ангажиран Бензема.
„Сопствениците на видеата се големи насилници“, му зборувал Бензема на Валубена и додал дека се познава со пријател кој може да му го „реши“ проблемот. На почетокот Валбуена зборовите на својот соиграч ги сфаќал како пријателски совет, но потоа сфатил дека тој е поврзан со уценувачите.
Во идентификација на уценувачите помогнале телефонските снимки кои ги направил таен полицаец кој „глумел“ посредник на Валбуена со уценувачите. Тој тврди дека Бензема цело време го охрабрувал Валбуена да плати за снимката да не се објави, покрај тоа и му пренесувал дел од условите кои биле поставувани.