Иако навивачите на кралскиот клуб очекуваа победа, на крајот разочарани го напуштија „Сантијаго Бернабе“ бидејќи Барселона рутински стигна до новите три бода. Сепак, разочарувањето за навивачите на Кралевите не прекина тука.
Имено, во центарот на вниманието по мечот се најде некогашниот играч на Реал, Анхел Ди Марија. Очигледно Аргентинецот беше воодушевен од победата на Барселона, па одлучи да биде активен на социјалните мрежи што ги налути навивачите на Реал Мадрид.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Секако, веднаш почна да се шпекулира и дека тоа би можело да значи дека од јануари Ди Марија ќе го гледаме во дресот на Барселона, бидејќи не е задоволен во ПСЖ. Сепак, ќе мораме да почекаме уште неколку недели да видиме што ќе се случи.