Јувентус вечерва игра против Парма и во овој натпревар ќе им се случи нешто што на овој клуб не му се случило цели седум години.
За прв пат после седум години Јувентус ќе биде без ниту еден член од последната линија Брзаљи, Бонучи и Киелини.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот Алегри се најде во големи проблеми поради повреда, па така во вечерашниот натпревар ќе влезе вез комплетното трио „BBC“.
Tреба да се додаде дека од 2012 година шест пати се случило Јувентус во стартниот тим да биде без ниту еден од нив, но ова е прв пат после седум години сите тројца да бидат надвор од тимот поради повреда.
Последен пат Јувентус да не може да смета на ниту еден од тројцата беше во натпреварот против Џенова на 11 март во 2012 година. Тогаш Киелини и Брзаљи беа повредени, додека Бонучи одработуваше суспензија.
Останува да видиме како Алегри вечерва ќе го реши овој проблем.