Дома Фудбал Италија Вака ли Милан ќе се враќа на славните патеки? – Со буџет како на англиски второлигаш!

Вака ли Милан ќе се враќа на славните патеки? – Со буџет како на англиски второлигаш!

Секој клуб кога-тогаш во својата историја поминал низ лош период, сега се уште не е познато дали славниот европски гиганти конечно ќе излезе од тој лош период.

Милан кој во 90-тите години беше страв и трепет на Стариот континент никако не успева да излезе од кризата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во последните години „росонерите“ неколку пати ја променија сопственичката структура, но пласманот во Лигата на шампиони не беше изборен ниту оваа година.

Еден од најпопуларните италијански клубови ова лето ќе има мизерен буџет за трансфер, ако се спореди со сумите кои се вратат во денешниот фудбал.

Првобитно било одлучено буџетот за нови играчи да изнесува 25 милиони евра, но Американците одлучиле на тој износ да додадат 15 милиони.

Милан не може да троши премногу пари поради финансискиот фер-пелј и неучеството во Лигата на шампионите.

Кого Милан може како европски гигант да доведе со буџет како што имаат второлигашите во Премиер лигата? Навистина е тешко е да се даде тој одговор…Единствено решение за зголемување на буџетот е продавање на некои од поважните играчи.

Инаку во Милан се уште не го избрале тренерот за наредната сезона, а според она што се пишува во италијанските медиуми се очекува тоа да биде Марко Џампаоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тео Хернандес го стигна Малдини, овој му порача: Ти си специјален!

Милан синоќа запиша рутинска победа против Лече со 3:0, а еден од головите беше дело на Те…