Дома Фудбал Лига на шампиони Буфон со златни букви го запиша своето име во историјата на Лигата на Шампионите

Буфон со златни букви го запиша своето име во историјата на Лигата на Шампионите

ПСЖ синоќа успеа да го совлада Манчестер Јунајтед со 2:0.

Тоа беше натпревар во кој голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Буфон успеа да ја сочува својата мрежа иако соиграчите доста му помогнаа во тоа со одличната игра во одбраната која го запре нападот на Манчестер Јунајтед.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Играчите на Манчестер Јунајтед не го загрозија сериозно голот на ПСЖ, со оглед на тоа што упатија само десет удари од кои само еден заврши во рамките на голот, па Буфон имаше многу полесна работа.

Сепак, тој ја сочува својата мрежа и успеа да влезе во одбраното друштво со оглед на тоа што ова му беше неговиот 50. натпревар без примен гол во Лигата на Шампионите.

 

Само уште два легендарни голмани успеаа да го постигнат овој успех, а тоа се Икер Касиљас и Едвин Ван Дер Сар.

Буфон оствари уште еден успех, бидејќи сега влезе меѓу десетте играчи со најмногу настапи во Лигата на Шампионите.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Интер го сака промашувањето на Баерн Минхен

Баерн Минхен имаше големи планови со Жоао Пальиња (30) кога го доведе пред една година од …