Дома Фудбал Останато Буфон призна: Јас сум виновен за поразот на ПСЖ од Манчестер Јунајтед

Буфон призна: Јас сум виновен за поразот на ПСЖ од Манчестер Јунајтед

Џанлуиџи Буфон во големо интервју за „Л’Eкип“ зборуваше за својата кариера и сезоната која ја помина во ПСЖ.

Денес резервниот голман на Јувентус, 42 годишниот Буфон се потсети на елиминацијата на ПСЖ од Лигата на шампионите во сезоната 2018/2019. Францускиот шампион го победи Манчестер Јунајтед во првиот натпревар од осминафиналето на гости со 2:0 и во реваншот требаше само да го потврди пласманот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, десеткуваниот Јунајтед сензационално славеше со 3:1. Буфон ја признава вината за тој пораз.

„На тој натпревар помислувам четири пати неделно. Кога ќе се сетам лошо се чувствувам, сигурен сум дека таа сезона ќе стигневме до финалето. Во Манчестер игравме одлично. Јас сум виновен за тој пораз. На мене како најискусен во натпреварот не смееше тоа да ми се случи“.

„Бевме убедени дека реваншот е само формалност. Не сметавме дека тој натпревар е важен затоа што тие практично имаа два здрави играчи и девет јуниори. Никогаш таква стуација не ми се случило во кариерата, никогаш така не сум се опуштил во толку важен натпревар“, призна Буфон.

Буфон после таа сезона во Пари Сен Жермен се врати во Јувентус каде што овој момент предност на голот има полскиот чувар на мрежата Војчех Шчесни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…