Денес во 11:30 часот прес-конференција за медиумите во тренинг центарот на Јувентус одржа Џанлуиџи Буфон, на конференцијата присуствуваше и претседателот на „старата дама“, Андреа Ањели.
Буфон на оваа конференција го потврди она што се очекуваше, саботниот натпревар против Верона ќе биде негов последен во дресот на Јувентус.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Во сабота го играм мојот последен натпревар за Јувентус, тука е крајот на мојата авантура. Кога пристигнав во 2001 година, Јувентус доби голем талент, а ако станав шампион тоа е само благодарение на клубот. Менталитетот на овој клуб и филозофијата која ја стекнав тука ќе бидат мој пат кој ќе го следам и во иднина. Тоа е единствениот начин да стигнете до резултати“.
„Вечно ќе му бидам благодарен на Јувентус“, изјави Буфон.
Новинарите секако го запрашаа: „Што понатаму?“
„Засега знам само дека во сабота го играм мојот последен натпревар за Јувентус. Се што се случува околу мене знае и претседателот Ањели. До пред неколку дена бев сигурен дека ќе ја завршам мојата кариера, но сега постојат и други опции“.
„Одлуката ќе ја донесам во наредните неколку денови, како што кажав постојат неколку опции“, заврши Буфон.