Дома Фудбал Италија Буфон е спремен да каже крај?

Буфон е спремен да каже крај?

Како што изгледа легендарниот Џанлуиџи Буфон е подготвен да каже крај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познатиот новинар, Џанлука Ди Марцио најави дека Буфон одлуката ќе ја донесе во следните неколку дена, а според најавите таа ќе биде збогување со фудбалот.

Во минатата сезона 45-годишниот Буфон собра 19 настапи во сите натпреварувања за Парма, а се повреди во плеј-оф мечот за влез во Серија А против Каљари.

Договорот на Буфон со Парма е со важност до 2024 година и многу веројатно нема да биде продолжен, можеби дури и предвремено ќе ја завршат кариерата. Буфон сигурно ќе остане запаметен како еден од најдобрите голмани на сите времиња.

Низ кариерата освои 10 титули во Италија со Јувентус и една со Пари Сен Жермен во Лига 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…