Дома Фудбал Германија Бундеслига: Милер за минималната победа на Баерн, Шалке се разигра во финишот

Бундеслига: Милер за минималната победа на Баерн, Шалке се разигра во финишот

Во терминот од 15:30 часот во германската Бундеслига се одиграа пет натпревари.

Екипата на Баерн долго време се обидуваа да го скршат отпорот на Штудгарт кој се наоѓа во долниот дел на табелата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Избраниците на Јуп Хејнкес беа подобриот тим, создаваа шанси, но реализација немаше. На полувреме се замина со почетниот резултат. Во вториот дел Баерн беше уште подоминантен, домаќинот беше повлечен на својот половина.

Конечно, отпорот на домаќините беше скршен во 79 минута од средбата, а стрелец на голот беше Томас Милер. Во судиското продолжение Штудгарт имаше прилика и да дојде до изненадување, но Аколо не реализираше удар од белата точка.

Во натпреварот кој привлече можеби најголемо внимание помеѓу Франкфурт и Шалке, со оглед на тоа што играа третопласираниот и второпасираниот тим на табелата заврши без победник 2:2.

Стрелци за домаќините беа Јовиќ уште во првата минута Халер после една час игра, за гостите погодуваа Емболо и Налдо во петата минута од судиското продолжение.

Во останатите натпревар Вердер и Мајнц одиграа 2:2, Келн запиша минимална победа од 1:0 против Волфсбург, додека Фрајбург и Аугусбург одиграа 3:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

На Гвардиола му работат зад грб, но Шпанецот е мирен: Се подготвува ли фудбалска предавство на деценијата?

Манчестер Сити оваа сезона е во борба за трофеи. Тие сè уште се во игра на четири полиња и…