Дома Фудбал Италија Брозовиќ доби жестока казна за возење под дејство на алкохол

Брозовиќ доби жестока казна за возење под дејство на алкохол

Интер му изрече „солена“ казна на Марсело Брозовиќ за возење под дејство на алкохол низ улиците на Милано.

Играчот за врска на Интер направил сериозен престап со својот автомобил, откако со луксузниот Ролс Ројс поминал на црвено светло во два часот по полноќ.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Полицијата го запрела и се покажа дека Брозовиќ возел под дејство на алкохол. Хрватот веднаш остана без возачка дозвола, а денес Интер го казни со 100.000 евра.

Сето ова ја прави неговата иднина во Интер неизвесна, тврди „Газета дело Спорт“. И покрај добрата сезона на раководството му сметаат неговите испади надвор од теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Светското клупско првенство е апсурдно, смета директорот на Ла Лига

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, повторно ја нападна ФИФА поради Светското клупско …