Дома Македонски спорт Британците не веруваат дека ќе ја поминеме групата на ЕП

Британците не веруваат дека ќе ја поминеме групата на ЕП

За помналку од една недела Македонија ќе дебитира на Европското првенство, а наш противник ќе биде селекцијата на Австрија.

Пред почетокот на првенството најголемата британска обложувалница „Педи Пауер“ даде прогноза во која не верува премногу во нашата селекцијата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Оваа обложувалница смета дека Македонија нема да има успех на ЕП и ќе заврши на последното место во групата Ц.

„Најсигурниот облог е дека Македонија ќе биде последна во групата Ц“, објавија од оваа обложувалница.

На Европското првенство Македонија ќе дебитира на 13. јуни против Австрија, па потоа следи дуелот со Украина на 17. јуни додека четири дена ќе го играме последниот натпревар во групата против Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Парите не се најважни: Јувентус одби 70 милиони евра за еден од најдобрите играчи

Челси имаше амбиција да го привлече Јилдиз, но удри на ѕид во Торино. Клубот од Лондон беш…