Дома Македонски спорт Мак ракомет Брестовац: Ја подобривме одбраната, бековите беа одлични

Брестовац: Ја подобривме одбраната, бековите беа одлични

Македонската ракометна репрезентација запиша победа против Чиле (32:29) и се пласира во втората фаза од Мундијалот во Египет.

Иако Македонија прими многу голови, сепак селекторот Брестовац истакна дека токму одбраната била клучот на победата и дека бековите функционирале одлично.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Во вториот дел од натпреварот  ја подобривме одбраната и постигнавме неколку лесни голови. Бековите функционираа добро,  на надворешната линија беа навистина добри и тоа беше многу важно за нашата победа“, изјави Брестовац.

Македонија во следната фаза за противници ги има  репрезентациите на Русија, Белорусија и Словенија.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…