Дома Фудбал Италија „Бремер беше фантастичен го „стави в џеб“ Влаховиќ“

„Бремер беше фантастичен го „стави в џеб“ Влаховиќ“

Фудбалерите на Торино вчера одиграа одличен натпревар против Јувентус во првиот натпревар од Серија А.

После натпреварот своето задоволство го истакна тренерот Иван Јуриќ. Јуриќ беше најзадоволен и посебно го истакан дефанзивецот Глеисон Бремер кој одлично си заврши работата во чувањето на Влаховиќ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Одигравме одличен натпревар и го ограничевме нападот на Јувентус. Ако имавме повеќе концентрација во завршницата можевме да дојдеме и до трите бода. Најважно е што менталната бариера е пробиена. Тимот расте, а ние одигравме еден од нашите најдобри натпревари. Бремер беше неверојатен и го „стави в џеб“ Влаховиќ“, изјави Јуриќ.

Јувентус во градското дерби поведе со голот на Де Лихт после 13 минути игра, но Торино до бод дојде со голот на Белоти во финишот од натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…