Дома Луд Спорт Браќата Карабатиќ добија условно, Бојановиќ оди зад решетки!

Браќата Карабатиќ добија условно, Бојановиќ оди зад решетки!

Судот во Монпеље, на браќата Никола и Лука Карабатиќ, им изрече двомесечна условна затворска казна и парична од 10.000 евра.

Никола и Лука Карабатиќ заедно со уште 14 обвинети се појавија пред судот во Монпеље, со што заврши петгодишната сага околу местењето на натпреварот помеѓу Монпење и Сесон.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Спорниот натпревар е одигран во 2012 година, во ситуација кога Монпеље, тим за кој тогаш играа браќата Карабатиќ, ја имаше обезбедено титулата, а Сесон се бореше за опстанок. Натпреварто заврши со победа на Сесон 31:29.

Големиот број на уплати ја покрена истрагата, која утврдила дека едно лице уплатило 100.000 евра, а дека браќата Карабатиќ и останатите обвинети заработиле 300.000 евра.

Браќата Карабатиќ парично се казнети со по 10.000 евра и добија условни затворски казни од два месеци, додека најлошо мина Младен Бојиновиќ кој беше осуден на 4 месеци затвор и казна од 20.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…