Германија и Бразил се состануваат во вторник во рамки на пријателскиот меч, а пред овој дуел своите видувања ги подели со новинарите, селекторот на Бразил, Тита.
Ова е прв дуел уште од полуфиналето на СП кога Панцерите ги понижија со 7:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тита беше искрен и истакна дека духот од тој меч се уште ги прогонува сите Бразилци.
„Тоа има големо психолошко влијание. Никој не треба да се лаже дека тоа не е така. Тие 7:1 се како дух, луѓето и натаму зборуваат за тоа. Што повеќе зборуваме за тоа, тој дух потешко исчезнува“, истакна Тита.
Во однос на победата на Бразил проти Русија од 3:0, во овој меч се очекува Фернандињо да го замени Даглас Коста.
Тита сепак и покрај овие тактички работи мора да размислува и за споменатото духовно минато.
„Го гледав тој меч дома во Сао Паоло со сопругата. Кога беше постигнат третиот погодок, почна да плаче. Тоа беше момент на инспирација на Германеците, секој шут беше гол. Тоа не се случува, ниту на видео игрите“, истакна Тита.
И не остана на тоа…
„Таа рана и натаму е отворена. Мечот во Берлин е процес на затворање на таа рана“, истакна бразилскиот селектор.
За тој резултат од 7:1, зборуваше и Јоаким Лев.
„Секако, Бразилците ќе имаат голема желба за реванш, но не можете да го вратите часовникот наназад. Тој резултат останува во минатото“, истакна селекторот на германската репрезентација.
Не очекува спектакл, без оглед на составите, без оглед на тоа што е пријателски меч во прашање. Бидејќи тука нема да има премногу пријателство…