Ѕвездата на Реал Мадрид, Марсело ги брои последните денови од својот одмор пред почетокот на припремите за новата сезона.
Искусниот лев бек одморот го поминува во Бразил, а денеска се најде во центарот на нов скандал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако го запрела полицијата Марсело одбил да направи алкотест па полицијците му ја одземале возачката една година. Бразилецот е казнет и парично со што ќе мора да плати 600 евра.
Ова не е прв пат Марсело да има проблеми со законот и кршење на сообраќајните правила. Пред шест години беше казнет со 6000 евра поради прекршок во Мадрид.
Тогаш му беше забрането возење во период од осум месеци, а паричната казна изнесуваше 25 евра на ден поради несигурно возење.