Бразилскиот суд денеска ќе одлучи дали екс-фудбалерот Робињо ќе ја одлежи казната во својата земја за групното силување за кое беше осуден во Италија.
Поранешниот фудбалер на Милан и Реал Мадрид е осуден на девет години затвор за групно силување кое наводно се случило во 2013 година во Милано. Казната беше потврдена од италијанскиот суд во јануари 2022 година, но тој никогаш не ја отслужи бидејќи побегна во Бразил пред изрекувањето на пресудата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилските закони не дозволуваат екстрадиција на сопствените граѓани, а Италија минатата година побара од Бразил Робињо да ја отслужи казната во својата татковина. Бразилците денеска ќе гласаат на оваа точка.
Доколку судиите на Врховниот суд на правдата (СТЈ) го прифатат ова барање, тоа ќе биде историска одлука за Бразил и Робињо ќе стане првиот осуденик кој ја одлежува казната во Бразил, која е изречена во странство.
Одлуката треба да биде донесена денеска, но можно е и некој од судиите да побара повеќе време за да го анализира целиот случај. Судот е должен да оцени дали барањето на италијанскиот суд е прифатливо од правен аспект.
Доколку барањето биде прифатено, Робињо нема веднаш да оди во затвор бидејќи ќе има право на жалба пред Врховниот суд на Бразил.
Според обвинението, Робињо и уште петмина Бразилци ја принудувале својата жртва да пие „додека не се онесвестила“, а потоа имале секс со неа во клуб во Милано. Поранешниот фудбалер секогаш остана на ставот дека е невин и оваа одлука ја припишува на „расизам“.
„Играв четири години во Италија и видов многу приказни за расизмот. Оние кои ме осудија се истите оние кои не прават ништо против расизмот“, изјави Робињо во интервју за бразилскиот ТВ Рекорд.
⚖ Día clave para el futuro de Robinho tras su condena por violación
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) March 20, 2024
👉 Estos son los posibles escenarios de un "caso inédito"https://t.co/1zE64TpGfO