Босанскиот интернационалец, Јусуф Нуркиќ кој го носи дресот на Феникс влезе во историјата како најлошиот кошаркар кој играл во НБА плеј-офот.
Нуркиќ има најлош ефект во плеј-офите. Досега тој одигра 20 натпревари и во нив има само три победи. Со тоа тој е на 15% од добиените мечеви во плеј-офот што е најлошиот ефект од сите кошаркари кои одиграле најмалку 20 натпревари во оваа фаза.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Феникс настапот во плеј-офот експресно го заврши со елиминација од Минесота со 0:4. Нуркиќ во тие четири натпревари имаше просек од 7.8 поени, 8.3 скокови и 2.8 асистенции по натпревар.
Пред Феникс, Нуркиќ со Портланд беше елиминиран од Голден Стејт (2017), потоа од Пеликанс во 2018, па Лејкерс 2020 и Денвер 2021. Во 2019 година Портланд стигна до конференциското финале, но Нуркиќ тогаш се повреди и не играше.