Како што дознава Македонски спорт, Вардаровиот бек Вуко Борозан имаше изненадена реакција за информацијата дека по Вардар кариерата ќе ја продолжи во редовите на полскиот првак Келце.
„Имам договор со Вардар до 2021 година и со никого не сум преговарал, ниту некој ме контактирал за што и како понатаму во кариерата. Не знаев дека сум потпишал за Келце! “ – изненадено и на шега искоментира за „Македонски спорт“, Вуко Борозан.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Полските медиуми пред неколку дена најавија дека левиот бек една сезона пред завршувањето на договорот со Вардар (2020) ќе замине во Келце како замена за Михал Јурецки, кој во 2019 се сели во Флензбург.