Според она што го пишуваат италијанските медиуми, Леонардо Бонучи добил понуда по втор пат да го напушти Јувентус.
Италијанскиот експрет за трансфери Џанлука Ди Марцио oбјави дека Бонучи добил повик од Манчестер Сити. Пеп Гвардиола е во потрага по стопер кој би требало да биде партнер на Нејтан Аке.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бонучи претходно веќе еднаш си замина од Јувентус кога премина во Милан од каде што се врати само после една сезона. Овој пат тој веднаш ја одбил можноста да ја промени средината.
Поради таквиот став Сити не ни влегол во преговори со Јувентус. Сега во Сити би можеле да се насочат кон Калид Кулибали од редовите на Наполи.