Дома Топ вести Бомба од Шпанија: Зидан од Перез го побара детето на Барселона

Бомба од Шпанија: Зидан од Перез го побара детето на Барселона

Реал Мадрид не беше многу активен во летниот преоден рок и донесе само неколку одлични млади фудбалери, но „кралевите“ веќе се спремнаат за зимскиот преоден рок.

Како што пренесува „Дарио Гол“ тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан му дал задача на претседателот Флорентино Перез да следи неколку фудбалери меѓу кои и ѕвездата на Интер Мауро Икарди.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Зизу во Икарди гледа долгорочно решени за позицијата централен напаѓач, откако формата на Карим Бензема почна да оди во надолна линија.

Медиумот наведува дека скаути на „кралскиот“ клуб во наредниот период ќе престојуваат во Италија на натпреварите на Интер за одблизу да ги следат насапите на Икарди.

Во Интер се сведни дека има многу клубови кои сакаат да го „украдат“ Икарди па затоа сакаат што е можно побрзо да заочнат преговори за нов договор со поголема клаузула. Моментално откупната клаузула на Аргентинецот изнесува 110 милиони евра, што за богатите клубови нема да претставува никаков проблем.

Икарди е дете на Барселона, фудбалската кариера ја започна во Ла Масија, но Каталонците не веруваа во него, па Аргентинецот преку Сампдорија стигна до Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид како замена за Карвахал сака играч на Манчестер Јунајтед?

Реал Мадрид внимателно го следи развојот на одбранбениот играч на Манчестер јунајтед, Диог…